Легалното огревно дрво ја губи битката со дрвократството
Се продолжи грејната сезона, ама и без тоа се размислува за наредната. Цените на струјата ги загрижи граѓаните, но и заштитниците на шумското богатство – енормно се зголемува нелегалната сеча...

Огревното дрво го одржува нивото на побарувачката за наредната сезона. Граѓаните совреме склучуваат договори да обезбедат на рати. Но цените на струјата ја зголемија побарувачката на нелегалното огревно дрво.
Прилеп е најнападната општина од дрвокрадците. Лани се запленети 350 кубни метри дрва, ама нефатени има четирипати повеќе, во Долненско и десетпати. Ако годишно се сечат 10.000 кубни метри, речиси исто толку и се краде. Според пресметките на граѓаните, огревното дрво е скапо.
Заштитата на алармантно начнатото шумско богатство, треба да остане во приоритетите на заедницата.
Елизабета Митреска
