Социјални мрежи

Прекумерното користење социјални мрежи предизвикува зависност кај младите во југоистокот

22.04.2023 11:22

Социјалните мрежи треба да се користат умерено и со одредена цел. Контуинираното следење на објавите на овие платформи предизвикува зависност кај младите под 16 години алармираат експертите. Тие бараат поголема контрола од родителите и насочување на децата кон интерактивни физички игри...

Социјалните мрежи посебно кај младите под 16 години, може да предизвикаат зависност ако не се користат со одредена цел. Неурофидбек терапевтот Весна Илова Ташева од Валандово, тврди дека следењето објавите на социјалните мрежи ја намалува нивната социјалната интеракција, го зголемува стравот, ја нарушува самодовербата при што младите го губат својот и преземаат туѓ идентитет.

Според Ташева, клучна улога имаат родителите. Треба да изнајдат модели и начини како да ги насочат децата кон други интерактивни игри. Паралелно таа препорачува и поголема контрола на содржините кои ги следат нивните деца.

Досегашните научните студии потврдија дека младите кои постојано се на социјалните мрежи покажале поголема нервна чувствителност и незаинтересираност кон одговорности.

 

Ване Трајков