Кичево

Кичево: Потребен е надвозник за безбедност на учениците од Раштани

22.04.2023 11:36

Учениците од населбата Раштани во Кичево за да стигнат во школо, секојдневно се изложени на ризик, минуваат по главниот небезбеден коловоз во градот. Нема пешачки премин, ниту надвозен мост за преминување на фрекфрентната улица. Стотиците основци претрчуваат на главниот пат, ја скокаат оградата ризикувајќи ја својата безбедност од многуте автомобили кои возат со голема брзина. До сега се случиле неколку сообраќајни несреќи со повредени пешаци. Жителите бараат надвозник...

Учениците во ОУ „Санде Штерјоски“ Кичево секојдневно се изложени на ризик од автомобилите на главната магистрала. Учениците во Кичево за да стигнат во најстарото основно училиште во градот-„Санде Штерјоски“ секојдневно се изложени на ризик, небезбедно минувајќи по магистралниот пат. Нема пешачки премин, ниту безбеден надвозен мост за преминување на фрекфрентната улица. Па, стотиците основци претрчуваат на главниот пат, ја скокаат оградата ризикувајќи ја својата безбедност од многуте автомобили кои возат со голема брзина.

По овој опасен пат кој го поврзува Кичево со сите градови, не поминуваат само децата, туку и возрасни жители на населбата Раштански пат.

„Овде минуваат деца од 6-7 години за да одат на училиште. Ова е најсериозниот проблем, досега имало 3 или 4 случаи, изгазени жени, па и деца, и треба да се преземе некоја мерка пешаците да минуваат овде“, изјави жител.

На главниот пат со два коловози и четири ленти, кој минува низ Кичево дозволената брзина е 50 километри на час, но ретко кој ја почитува. До сега се случиле неколку сообраќајни несреќи со повредени пешаци.

Градоначалникот на општина Кичево, Фатмир Дехари вели надвозник има, но тој е оддалечен 500 метри, Агенцијата за патишта треба да изгради пешачки мост преку автопатот за поголема безбедност на пешаците.

 

Соња Рилковска