САД: Пилулата за абортус засега останува
Врховниот суд на САД го задржува пристапот на жените до лек кој се користи во најчестиот метод на абортус. Отфрлени се ограничувањата на пониските судови додека трае судскиот процес. „Мифепристон“ е еден од двата лека за абортус...

Врховниот суд на САД го задржува пристапот на жените до лек кој се користи во најчестиот метод на абортус. Отфрлени се ограничувањата на пониските судови додека трае судскиот процес. „Мифепристон“ е еден од двата лека за абортус. Медикаментот за првпат беше одобрен од американската Администрација за храна и лекови, пред повеќе од 20 години. Судија од Тексас се обиде да го поништи долгогодишното одобрение, велејќи дека агенцијата ги прекршила федералните правила за забрзано одобрување и згрешила во научната процена на лекот.
Новата контроверза за абортусот во САД, доаѓа на помалку од една година откако конзервативното мнозинство на Врховниот суд, донесе одлука повеќе од десетина сојузни држави да го забранат абортусот целосно.
