Обвинителство

Поднесено обвинение против тетовскиот анестезеолог

22.04.2023 12:20

Тетовското јавно обвинителство поднесе обвинение против анестезиологот кој во тамошната болница снимаше пациентки и негови колеги а видеата во живо ги објавуваше на „Тик-Ток“. Се товари за несовесно работење во службата, како и за неовластено снимање...

Тетовското јавно обвинителство поднесе обвинение против анестезиологот кој во тамошната болница снимаше пациентки и негови колеги а видеата во живо ги објавуваше на „Тик-Ток“. Се товари за несовесно работење во службата, како и за неовластено снимање. Обвинителот побара и продолжување на мерката притвор. Претходно, на предлог на Обвинителството, Судот во Тетово му одреди осумдневен притвор.

Во меѓувреме вработените од тетовската болница добија десетина правила, од кои дел се забрани, препораки кои се однесуваат на користење на социјалните мрежи меѓу кои и воздржување од коментирање на актуелните политички и општествени теми.

Правилата наложуваат забрана за објавување на приватни информации и тајни на пациентите, се со цел да не се повтори случајот со анестезелогот, информираат од менаџментот на болницата.

Анесезелогот кој споделуваше видеа на „Тик-Ток“ е суспендиран од работа, а Лекарската комора веќе почна постапка за одземање на лиценцата поради кршење на етичкиот кодекс на лекарите. Неодамна до министерот за здравство стигнале непотврдени информации дека истиот доктор знаел да дојде на работа и под дејство на наркотици. Меџити најави дека лиценцата за работа може трајно да му биде одземена, а го разреши и организацискиот директор во тетовската болница.

 

 

Марина Стојанова Тонева