5 од 5 за Мецедес
Петта едноподруга еден- два победа за тимот на Мерцедес во исто толку трки во 65-тата сезона во Формула 1. Хамилтон одново на врвот 4-ти пат последовно, сега не само на пиедесталот туку и во поредокот на возачите. Од почеток до крај на трката за големата награда на Шпанија британецот не го препушти водството за 4-тата победа во серија, 35-та во кариерата, прва на Каталуња. Различните стратегии на тимските колеги донесоа возбуда во финишот , но Росберг не успеа да мине,иако не го криеше разочарувањето за второто место, додека Рикардо пресреќен го комплетира подиумот со најдобрите.

Петта едноподруга еден- два победа за тимот на Мерцедес во исто толку трки во 65-тата сезона во Формула 1. Хамилтон одново на врвот 4-ти пат последовно, сега не само на пиедесталот туку и во поредокот на возачите. Од почеток до крај на трката за големата награда на Шпанија британецот не го препушти водството за 4-тата победа во серија, 35-та во кариерата, прва на Каталуња. Различните стратегии на тимските колеги донесоа возбуда во финишот , но Росберг не успеа да мине,иако не го криеше разочарувањето за второто место, додека Рикардо пресреќен го комплетира подиумот со најдобрите. Ведан зад нив стигна неговиот клубски колега Фетел. Актуелниот шампион потврди дека Ред Бул и покрај сите проблеми бележи прогрес и демонстрира одлични перфоманси стигнувајќи до 12 поени од 15-тата позиција на стартот.Ботас со Вилијамс беше 5-ти, следуваше двоецот на Ферари, Алонсо и Раиконен , а во бодови влегоа и Грожан, Перез и Хулкенберг. Во поредокот на возачи Хамилтон го презеде водството со 100 поени, 3 повеќе од Росберг и двојно од Алонсо.Без посериозни инциденти шпанското гран-при донесе доста акција како најава за возбудувања по 2 недели кога карванот на Формула 1 ќе се пресели на улиците на Монако.
