Туризам

Последните неколку години селскиот туризам бележи благо опаѓање

22.04.2023 17:07

Селскиот туризам последните неколку години бележи благ пад. Пеце Цветковски од потпелистерското село Дихово кој важи за еден од пионерите и до пандемијата неговиот објект од светските тур-оператори беше предлогот за една од осумте најдобри светски дестинации вели дека со основните инфраструктурни зафати веќе заостануваме зад земјите од опкружувањето. Смета дека само со смислена стратегија и помош на државата бројот на вакви објекти би се зголемувал...

Пред близу две децении беше почетник додека денес е веќе докажан менаџар во селскиот туризам. Со упорноста и добрата организација успеавме на годишно ниво во потпелистерието да стигнеме до бројка од околу 1.000 ноќевања. Но факт е дека последните години овој вид на туризам бележи благ пад, вели Пеце Цветковски од село Дихово. Причините поради кој веќе заостануваме зад земјите од регионот не се непознати и нови.

Природните убавини ги имаме а теоријата мора да ја замениме со јасна развојна инвестициска стратегија, вели еден од пионерите во оваа дејност. Општопознато е дека, во неговата вила престојувале многу познати личности од сите делови на светот. Тетка Даница веќе ги подготвува продуктите за традиционалното мени кое странските гости го сакаат.

Амбиентално подготвените селски соби се само уште една потврда зошто објектот на семејството Цветковски, е препознатлив бренд.

Реноме, кое е стекнато со многу работа но и коментарите и препораките на гостите.

 

Стевче Митревски