Сторија

Лекот „Трикафта“ дава одлични резултати

22.04.2023 17:12

Болните од цистична фиброза кои добија „Трикафта“, велат дека терапијата дава одлични резултати. Значително им е подобрена здравствената состојба. Но, обезбедени се до почетокот на наредната година, тие предупредуваат дека не смее да има прекин. Властите уверуваат дека се работи на долготрајно и ефективно решение на проблемот...

И дадоа лек, и дадоа надеж дека може да живее без апарат за кислород, да излезе надвор. По една година, не смеат да и го земат, вели Гордана Анастасовска, мајка чија ќерка боледува од цистична фиброза и беше во животозагрозувачка состојба пред да добие „Трикафта“.

Гордана вели, сите пациенти со цистична фиброза треба да го добијат лекот, мора да се држат сите заедно, за да се изборат за лекот.

Вели, годинава ќе помине за час, ако изгубат трпение пациентите и се разделат, надлежните ќе ги заборават и сите ќе бидат губитници. Министерот за здравство Меџити, пак, рече дека интензивно се работи на долготрајно и квалитетно решение со „Трикафта“, за болните од цистична фиброза.

 

Наташа Јанчиќ Менковски