Мадрид
Пожар во ресторан загинаа две лица во Мадрид
22.04.2023 17:51
Двајца мажи загинаа, а 10 се повредени во пожар во италијански ресторан во Мадрид. Според локалната служба за итни случаи несреќата се случила во близина на главниот излез...

Двајца мажи загинаа, а 10 се повредени во пожар во италијански ресторан во Мадрид. Според локалната служба за итни случаи несреќата се случила во близина на главниот излез, а гостите имале тешкотии да избегаат.
Очевиците тврдат дека пожарот настанал откако келнерот го запалил садот со кој требало да сервира десерт, а пламенот ги зафатил таванот и ѕидовите. Шпанската полиција ги истражува причините.
