Партии
Демократскиот сојуз бара мораториум на проектот за коридорите
22.04.2023 18:19
Демократскиот сојуз, бара мораториум на проектот за коридорите додека не се објави договорот и државниот завод не изврши негова ревизија...

Демократскиот сојуз, бара мораториум на проектот за коридорите додека не се објави договорот и државниот завод не изврши негова ревизија. Од партијата на Трајанов, велат дека осумте законски измени треба да се повлечат и да одат во редовна, а не во скратена постапка. Оттаму бараат сите пратеници да го добијат договорот со „Бехтел и Енка“. Според Демократскиот сојуз, има сомнеж за корупција од големи размери.
