Нова линија Скопје-Франкфурт
„Луфтханза“ влегува на македонскиот пазар. Со слетување на првиот авион на германската авиокомпанија, стартува новата авиолинија Скопје-Франкфурт...

„Луфтханза“ влегува на македонскиот пазар. Со слетување на првиот авион на германската авиокомпанија, стартува новата авиолинија Скопје-Франкфурт. Новата авиолинија се реализира со субвенции од Владата. „Луфтханза“ ќе лета од Скопје до Франкфурт десет пати неделно. Преку Франкфурт, патниците од земјава ќе имаат можност да се поврзат со повеќе од 200-те дестинации во повеќе држави во Европа и во светот. Покрај „Луфтханза“, договорени се и четири нови дестинации со унгарски „Виз-Ер“, од Скопје до Луксембург, Штутграт, Салцубург и до Љубљана. „Виз-Ер“ ќе ги опслужува четирите нови дестинации три пати неделно од 1 ноември годинава.
