Временска прогноза
Сончево време со мала до умерена облачност
23.04.2023 09:00
Денеска нè очекува претежно сончево време со мала до умерена облачност, во попладневните часови на места ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи...

Денеска во земјава нè очекува претежно сончево време со мала до умерена облачност, во попладневните часови на места ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се движат во интервалот од 0 до 6 Целзиусови степени, а максималните ќе се искачат од 13 до 22 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб променлив ветер. Минималната температура во Скопскиот регион ќе се спушти до 5, а максималната ќе се искачи до 22 Целзиусови степени.
