Косово
Локални избори на северот на Косово
23.04.2023 09:50
Локални избори на северот на Косово. Гласаат жителите на Северна Митровица, Зубин Поток, Звечан и Лепосавиќ, населени претежно со Срби...

Локални избори на северот на Косово. Гласаат жителите на Северна Митровица, Зубин Поток, Звечан и Лепосавиќ, населени претежно со Срби. Во трка за градоначалник учествува еден кандидат од српската заедница и деветмина од редот на албанците. Европската Унија оценува дека одржувањето на избори во мирни услови на северот е од суштинско значење и ги повикува сите страни на воздржаност. Изборите првично беа закажани за 18 декември минатата година, но се одложија по барање на меѓународната заедница. Вонредните локални избори ги обезбедува косовската полиција, а КФОР ја следи состојбата.
