Украина

Зеленски објави нови санкции против компании што ја поддржуваат руската агресија

23.04.2023 10:00

Украинскиот претседател објави нови санкции против 322 компании за кои Киев смета дека инвестираат и ја поддржуваат руската агресија. На списокот се додадени и голем број физички и правни лица кои помагаат Русија да ги заобиколи санкциите. Зеленски побара рестрикции и за руската нуклеарна индустрија...

Украинскиот претседател објави нови санкции против 322 компании за кои Киев смета дека инвестираат и ја поддржуваат руската агресија. На списокот се додадени и голем број физички и правни лица кои помагаат Русија да ги заобиколи санкциите. Зеленски побара рестрикции и за руската нуклеарна индустрија.

„Оваа индустрија не само што генерира средства за буџетот на агресорот, туку помага и другите држави да станат зависни од територијата на која наводно се спроведуваат енергетски нуклеарни проекти. За Кремљ секоја енергија е оружје“, изјави Володимир Зеленски-претседател на Украина.

Русија пак најави дека ќе протера над 20 германски дипломати по масовното отстранување на персонал од руската амбасада во Германија и го обвини Берлин за уништување на врските.