Во Судан евакуација на странски државјани
Една недела по почетокот на судирите во Судан во кој загинаа стотици цивили, одделни групи странски државјани почнаа да се евакуираат. Војската соопшти дека ќе обезбеди безбедност на патиштата за евакуација на државјаните на САД, Велика Британија, Франција и Кина, додека граѓаните на Саудиска Арабија и Јордан веќе се евакуираа преку пристаниште на Црвено Море...

Една недела по почетокот на судирите во Судан во кој загинаа стотици цивили, одделни групи странски државјани почнаа да се евакуираат. Војската соопшти дека ќе обезбеди безбедност на патиштата за евакуација на државјаните на САД, Велика Британија, Франција и Кина, додека граѓаните на Саудиска Арабија и Јордан веќе се евакуираа преку пристаниште на Црвено Море. Заменик-началникот на Генералштабот на суданските вооружени сили изјави дека предложеното примирје од 72 часа било прекинато пред да започне.
„Тие го прекршија примирјето пред да започне, затоа нема примирје. Познати се по предавство, кукавичлук и агресија. Немаат религија или морал. Сцените што ги гледате на социјалните мрежи се од луѓе кои служат на странски агенди и сега странските држави ги напуштија и велат дека е терористичка организација или група насилници и крадци“, изјави Генерал Абдел Хамуд -началник на Генералштабот за суданските вооружени сили.
Претходно, паравоените сили за брза поддршка, соопштија дека се спремни делумно да ги отворат сите аеродроми во земјата за да дозволат евакуација, но, статусот и натаму е нејасен.
