Немањето пари ги кочи општините за градење канализации
Околу 80 отсто до населените места во струмичкиот регион немаат ниту фекални ниту атмосферски канализации. Општините се обидуваат етапно да го решаваат овој проблем но најголем проблем е немањето финансиски средства. Министерот за транспорт и врски кажа дека пари има за што општините треба да имаат подготвено издржани проекти...

Заради немање доволно средства, руралните општини тешко се одлучуваат за изградба на фекални канализации или ваквите проекти ги работат во етапи во зависност од обезбедените пари. Општина Василево гради фекална канализација во општинскиот центар, но само еден крак од 753 метри за што од својот буџет издвои 4 милиони денари. Доколку добие пари од државните фондови планира да продолжи и во други две населени места.
Средства има, тврди првиот човек на Министерството за транспорт и врски кој ги повика локалните самоуправи да имаат издржани и квалитетни проекти за фекални и атмосферски канализации. Според него средства има програмите на ова и Министерството за животна средина.
80 отсто од населените места во четирите општини од струмичкиот регион, немаат ниту фекални ниту атмосферски канализации. Со овој проблем се соочуваат не само помалите туку и поголемите општини кои за вакво тим проекти се насочуваат кон странски фондови.
Ване Трајков
