Велес

Доцни изградбата на покриениот градски пазар во Велес, најголема инвестиција во градот последните 30 години

23.04.2023 11:54

Иако во најава беше дека велешани ќе добијат покриен Градски пазар за седум месеци, ниту по година и половина од рокот изведувачите не успеаја да го изградат, локалната власт најавува казни...

Се доцни со покривањето на долниот дел од Градскиот пазар во Велес. Покривањето на горниот дел од пазарот заврши, но со пробивање на рокот а состојбата со изведбата на вториот дел од пазариштето исто така е со одамна ги пробиени рокови. Од локалната власт велат дека изведбата на објектот е во целост по Основниот проект, но се доцни со изградбата поради што локалната власт најавува дека изведувачот ќе биде казнет.

Рокот на изведба беше една година, до септември 2022 година. Тој беше продолжен со два анекси, за 31 јануари 2023 година. Вкупната вредност на објектот е 86 милиони денари, 40 милиони се од Владата. За останатите 46 милиони денари Советот на Општина Велес, ги заборчи граѓаните со кредит кај Светска банка, со рок на враќање од 13 години и три години грејс период.

Се доцнеше и со покривањето и на горниот дел од Градскиот пазар. За ова била наплатена договорна казна на изведувачот „Бауер БГ“ во износ од 5% од вредноста на договорот или во денари 1,7 милиони.

 

 

Петар Печков