Локалитетот Стибера за првпат ќе се скенира под земја
Во годината кога античкиот локалитет Стибера кај Прилеп, најпознат по мермерните статути, одбележува 70 години истражувања за првпат ќе има длабинско скенирање на наодите што се под земјата. Ахеолозите, без копање ќе знаат каде се кријат највредните нови наоди. Стручњаците се надеваат дека ќе се реши најголемиот проблем – приватните парцели на кои се простира локалитетот...

За првпат ќе се скенираат подземните слоеви на античкиот локалитет Стибера кај Прилеп, најпознат во земјава според мермерните статуи. Скенерот е најсовременото средство на археолошкиот музеј на Македонија за да се стигне до новите откритија, а ќе се работи на појасот на храмот на богињата Тихе кој открива остатоци на римската Агора и на Собранието.
Локалитетот од 3-иот пред нашата, до 4-иот век од нашата ера бил голем град со преку 20.000 жители. Наречен е „Македонската Помпеја“. Археолозите чекаат да се реши најголемиот проблем – делови од локалитетот се на приватно земјиште, главно на жителите од прилепското село Чепигово.
Во 70 години се откриени 60-тина мермерни статуи, половината се во Музејот на Македонија. Последните истражувања открија дека во основата на локалитетот се градбите на македонските кралеви.
Елизабета Митревска
