Тајван

Тајван бара нови начини да ја зајакне одбраната од Кина

23.04.2023 11:46

Тајван бара нови начини да ја зајакне одбраната поради заканата од Кина. Компанија во централниот град Таичунг развива прототип на беспилотна подморница која може да се употреби за време на воен конфликт...

Тајван бара нови начини да ја зајакне одбраната поради заканата од Кина. Компанија во централниот град Таичунг развива прототип на беспилотна подморница која може да се употреби за време на воен конфликт. Кина го засили својот воен притисок врз Тајван во последниве години, испраќајќи борбени авиони и бродови на морнарицата кон островот на речиси секојдневна основа. Претходно во април, Кина заврши со големи воздушни и морски вежби, што според Пекинг се сериозно предупредување за политичарите, кои се за независност на самоуправниот остров и нивните странски поддржувачи.