Германија

Германските синдикати постигнаа договор за платите во јавниот сектор

23.04.2023 15:32

Вработените во јавната администрација ќе добијат значително зголемување на платите по серијата штрајкови. Околу 2,5 милиони вработени во јавните служби од јуни ќе добијат 3.000 евра исплати поради високата инфлација...

Германските синдикати постигнаа договор за платите во јавниот сектор. Вработените во јавната администрација ќе добијат значително зголемување на платите по серијата штрајкови. Околу 2,5 милиони вработени во јавните служби од јуни ќе добијат 3.000 евра исплати поради високата инфлација. Од март 2024 година платите ќе пораснат за уште најмалку 340 евра. Се проценува дека договорот ќе го чини државниот буџет близу пет милијарди евра за две години, додека градовите и општините вкупно ќе одвојат околу три пати повеќе. Сè уште нема договор со железничарите и персоналот на аеродромот.