Авиотранспорт

„Луфтханза“ влегува на македонскиот пазар

23.04.2023 16:28

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ почна да лета од Скопје до Франкфурт. Новата авиолинија се реализира со субвенции од Владата. Преку Франкфурт, патниците од земјава ќе можат да се поврзат со повеќе од 200 дестинации во Европа и во светот...

Стартуваше новата авиолинија Франкфурт – Скопје на Луфтханза. Првиот авион слета на Меѓународниот Аеродром-Скопје со што се означи влезот на авиокомпанијата на македонскиот пазар.

Како што истакнаа генералниот директор на ТАВ Метин Батак и регионалниот директор на групацијата „Луфтханза“ Петер Пулем, новата линија ќе има големо влијание во поврзувањето на двете држави, дијаспората која живее во Германија и ќе влијае на развојот на економијата. Новата авиолинија – од Скопје до Франкфурт се реализира со субвенции од Владата.

Покрај „Луфтханза“, субвенции за нови авиолинии доби и унгарски „Виз Ер“. Од 1 ноември ќе бидат воведени летови од Скопје до Луксембург, Штутград, Салцубург и до Љубљана.

 

 

Марина Стојанова Тонева