Инфраструктура

Власта и опозицијата со обвинувања за договорот со „Бехтел и Енка“

23.04.2023 16:37

Од вчера течат роковите од договорот со „Бехтел и Енка“, но нити се исплаќаат пенали, ниту некој побарал досега, истакна министерот Бочварски, тој денеска немаше одговор кога ќе започнат градежните активности. Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски со став – нема градежни работи на коридорот 8 затоа што не се подготвени и немаат проект. Според него со одредбите за 60-часовна работна недела и странски работници, граѓаните се делат на прв и втор ред...

Роковите од договорот течат, но нити се исплаќаат пенали, ниту некој побарал досега, истакна министерот Бочварски. Кога ќе започнат градежните активности за изградба на автопатските делници на коридорите 8 и 10-д, министерот нема одговор.

Градежни работи нема на Коридор 8, зашто нема проект, вели Мицкоски. Законот за работни односи не е сменет, течат роковите од договорот, државата ќе мора да и плати пенали на американско – турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“.

Од СДСМ велат, дека Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ, се против најголемата инвестиција во инфраструктурата вредна 1,3 милијарди евра. Според нив е скандалозно што се прави хајка против реномирана американска компанија како што е Бехтел.

 

 

Наташа Јанчиќ Менковски