Тенис
Карлос Алкараз го победи Циципас во Барселона
23.04.2023 20:56
Шпанецот во големото финале го совлада петтиот светски рекет, Стефанос Циципас од Грција, со резултат 2:0 во сетови 6:3 и 6:4 за 80 минути игра...

Карлос Алкараз, вториот тенисер на светот, ја одбрани титулата на турнирот од АТП серијата 500 во Барселона.
Шпанецот во големото финале го совлада петтиот светски рекет, Стефанос Циципас од Грција, со резултат 2:0 во сетови 6:3 и 6:4 за 80 минути игра. Тенисерот од Мурсија така ја потврди одличната форма, ова му беше деветта титула во кариерата, а трета оваа сезона, откако претходно ги освои Буенос Ајрес и Индијан Велс.
