Ракомет

Тиквеш со нова победа против Бутел

23.04.2023 21:03

Тиквеш со нова победа во салата Јасмин, овојпат против Бутел до 24-23 (14-13) во рамките на 11. коло од македонскиот плеј-оф. Натпреварот во салата „Јасмин“ беше крајно драматичен, а победникот се реши во самиот финиш кога кавадарчани беа поумешни...

Тиквеш со нова победа во салата Јасмин, овојпат против Бутел до 24-23 (14-13) во рамките на 11. коло од македонскиот плеј-оф. Натпреварот во салата „Јасмин“ беше крајно драматичен, а победникот се реши во самиот финиш кога кавадарчани беа поумешни. Цело време двата тима беа во егал, со блага предност на страна на домаќините.

Заслужено екипата на Данило Брестовац го победи Бутел и се врати веднаш зад Вардар, Еурофарм Пелистер и Алкалоид на табелата. Кај победникот тројца ракометари постигнаа по пет гола, тоа беа Евгениј Темелковски, Страхиња Симиќ и Арнад Хамзиќ, додека Кристијан Атанасовски стрела четири пати. Кај Бутел Скопје, Филип Николов имаше шест, а Димитар Ѓеоргиевски даде пет гола.