Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и СДС без компас

24.04.2023 09:09

Од партијата нагласуваат, Јагода Митревска, експертот на Ковачевски и СДС не се крие дека е поддржувач на Путин, има фотографии кои покажуваат како таа гордо се слика пред простории на партијата на Путин.

Ковачевски и СДС без компас, експертите и народот не ги поддржуваат па предложиле поддржувач на Путин да крои уставни амандмани. Ковачевски и СДС само декларативно се претставуваат како про НАТО и про ЕУ, во суштина влечат длабоки корени со структури со сомнителни политички и лични врски, како Јагода Митревска, која од поддржувач на Путин станува експерт на СДС и Ковачевски, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата нагласуваат, Јагода Митревска, експертот на Ковачевски и СДС не се крие дека е поддржувач на Путин, има фотографии кои покажуваат како таа гордо се слика пред простории на партијата на Путин.

Ковачевски и СДС ја носат државата во ќорсокак. Анационалните политики на СДС ја уназадуваат Македонија. Потребни се промени- стои во соопштението.