15 брачни двојки групно се венчаа во Куманово
Јадранка и Јовица Ванчевски се еден од 15-те брачни двојки кои денска кажаа Да пред Бога и стапија во духовен брак на церемонијата на групно венчавање во Црквата Света Петка во Куманово.Ванчевски бележат 25 години заеднички живот ,до сега немале можност да стапат во црковен брак и според нив оваа е уште е една потврда за нивната љубов пред свештениците и сведоците.
-Многу сум возбудена ,затоа што ние сме 25 години во брак , до сега не сме венчани во црква и решивме тој чин да го направиме на овој начин вели невстата Јадранка Ванчевска.

-Со соединувањето пред Бога сметам дека младениците имаат поголема обвврска да бидат поодговорни и посветени еден кон друг,вели младоженецот, Јовица Ванчевски.
На свеченоста во црквата Света Петка дојдоа голем голем број верници и пријатели на младениците да им дадат подршка на венчавката.
- Луѓето долго време имале желба да се венчаат во црква , од било кои причини до сега немале можност и ете на овој начин добија можност.Во секој случај многу убава манифестација изјави ,Горан Трајковски, старосват на една од двојките.
По групната венчавка во Карпинскиот манастир оваа е вторваков настан во Куманово, а свештениците најавуваат ова манифестација да стане традицонална.
-За оние кои немале прилика да стапат во брак , куманоско-осоговската епархија го релаизираше ова венчавање и им излезе во пресрет на заинтерисираните брачнидвојки.Препорачувам до сите млади својот заеднички живот да го започнат со божји благослов –вели свештеникот Антонио Стојковски.
Највпечатливи меѓу присутните двојки беа два пара , кои по 40 години брак денска се соединија пред црквата и Господ.
Кумановско –осоговската епархија ваква церемонија ќе одржи и идната година во исто време и најави дека во септември ќе има групно кршетевање.