МВР

213 санкционирани возачи во Скопје, 157 за брзо возење

24.04.2023 09:22

Изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 213 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 157 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 19 санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)...

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, апелираат од МВР.