Култура

Концерт на ансамблот „Консонанс“ во Камерната сала на Филхармонија

24.04.2023 09:26

Камерниот ансамбл „Консонанс“ е формиран во 2007 година, како една уникатна формација која ја сочинуваат дрвени дувачки инструменти. Овој ансамбл е посветен на камерното музицирање и истражување на звукот кој овие инструменти го создаваат заедно...

Камерниот ансамбл „Консонанс“ в среда во 20 часот ќе настапи во Камерната сала на Филхармонија. На програмата се дела од Хајдн, Феранте, Барток, Гершвин, Бранѓолица.

Камерниот ансамбл „Консонанс“ е формиран во 2007 година, како една уникатна формација која ја сочинуваат дрвени дувачки инструменти. Овој ансамбл е посветен на камерното музицирање и истражување на звукот кој овие инструменти го создаваат заедно.

Составен е од музичари кои се членови на НУ Филхармонија, кои освен оркестарското музицирање, ја негуваат и камерната музика, а исто така настапуваат и како солисти. Покрај настапите на сите позначајни фестивали на домашната музичка сцена, „Консонанс“ има остварено настапи и во Црна Гора, Р. Бугарија и САД. Ансамблот има издадено и еден носач на звук.

Во камерниот ансамбл „Консонанс“ членуваат: Елена Дојчинова, Маја Чанаќевиќ, Здравко Ангелов, Игор Бакревски и Сашко Темелковски.