Се одбележува Светскиот ден на книгата и авторското право
Националната и универзитетска библиотеката „Св. Климент Охридски“ – Скопје денеска традиционално ќе го одбележи Светскиот ден на книгата и авторското право, востановен од УНЕСКО во 1995 година...

Националната и универзитетска библиотеката „Св. Климент Охридски“ – Скопје денеска традиционално ќе го одбележи Светскиот ден на книгата и авторското право, востановен од УНЕСКО во 1995 година.
Овој датум се одбележува секоја година во целиот свет на 23 април како симболичен датум во светската книжевност бидејќи токму овој ден е поврзан со брилијантните личности на пишаниот збор како Мигуел де Сервантес, Вилијам Шекспир, Лопе Де Вега. Идејата се заснова на стариот каталонски обичај да се подари книга и роза.
На овој празник на книгата во НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје ќе се читаат извадоци од романот „Дон Кихот“, а исто така ќе биде отворена изложба на книги „Сеќавање на Хусто Хорхе Падрон“, која ќе ја отвори неговата сопруга Клеопатра Филипова.
