СУДАН

Евакуирани странски државјани во Судан

24.04.2023 09:36

Процесот е комплициран поради тековните конфликти...

Се евакуираат странските државјани од Судан. Процесот е комплициран поради тековните конфликти. Двете страни – суданската армија и паравоената група наречена Сили за брза поддршка (РФС) – се обвинуваат меѓусебно откако францускиот конвој за евакуација беше под оган во обид да го напушти Судан. Во инцидентот е повреден француски државјанин.

ЕУ ги повика началникот на армијата Бурхан и шефот на паравоените сили за брза поддршка (РСФ) Хемети да склучат примирје.