ИНСТИТУТ ЗА МИРОВНИ ИСТРАЖУВАЊА „СИПРИ“
Рекордна сума за воени трошоци во 2022 година
24.04.2023 09:42
Европските земји забележаа најголем раст на потрошувачката во последните 30 години поради руската агресија врз Украина...

Глобалните воени трошоци достигнаа нов рекорд во 2022 година, објави Институтот за мировни истражувања „СИПРИ“. Европските земји забележаа најголем раст на потрошувачката во последните три децении години поради руската агресија врз Украина. Воените расходи во земјите од Централна и Западна Европа изнесуваат 345 милијарди долари.
Со ова се надмина сумата од 1989 година, на крајот на Студената војна. Институтот СИПРИ очекува дека овој тренд ќе продолжи и во наредните години, со оглед на моменталната безбедносна состојба.
