ПЕРУ
САД го екстрадираа поранешниот претседател Толедо
24.04.2023 09:44
До судењето, ќе биде во притвор 18 месеци, во казнено-поправен дом во близина на Лима...

Поранешниот перуански претседател Алехандро Толедо пристигна во Перу од САД, кои го екстрадираа под обвинение за примање мито од десетици милиони долари од бразилска градежна фирма. До судењето, ќе биде во притвор 18 месеци, во казнено-поправен дом во близина на Лима.
Тој ги отфрли обвиненијата за корупција. Обвинителството побара затворска казна од 20 години.
