Отворени деновите на македонската култура во Белград
11.05.2014 17:47
На Скадарлија отворени се деновите на македонската култура во Белград со изложбата „Македонското копаничарство-Од традиција до уметност“, на уметникот Будимир Апостоловски...
Во центарот на Белград, на Скадарлија отворени се деновите на македонската култура во Белград со изложбата „Македонското копаничарство-Од традиција до уметност“, на уметникот Будимир Апостоловски.
Изложбата ја отвори македонската амбасадорка во Белград, Вера Јовановска-Типко.
„Денес во центарот на Белград го преставуваме најубавото од традицијата на Македонија- македонското копаничарство. Тоа е автентично преставување,преку кое се пренесува допирот на традицијата и културното богаство на Македонија, допир кој гради мостови меѓу државите и народите, уметност која не потикнува и инспирира да мислиме пошироко, подлабоко и подалеку“, изјави Вера Јовановска- Типко, Амбасадор на Р. Македонија во Белград.
Промотор на изложбата беше директор на Музејот на Македонската борба, Бранислав Светозаревиќ.
„Македонското копаничарство ни нуди среќна комбинација на македонскиот дух и топлината на ореовото дрво и сето тоа во една голема, повеќевековна традиција, тука во Белград и во Србија“, изјави Бранислав Светозаревиќ, Директор на Музејот на македонската борба.
Оваа традиционалната манифестација, со која се промовира македонската култура во Белград е организирана од Здружението на македонците-Македониум, со подршка на македонското Министерство за надворешни работи и Министерството за култура на Р.Србија.
Оливер Бранковиќ
