Здравствени придобивки од консумирање на јагоди
Како одличен извор на калиум, јагодите помагаат за намалување на високиот крвен притисок...

Вкусно овошје, богато со антиоксиданти кои можат да помогнат во подобрување на здравјето на срцето, намалување на холестеролот и намалување на крвниот притисок. Како одличен извор на калиум, јагодите помагаат за намалување на високиот крвен притисок.
Антиоксидантите во јагодите помагаат во детоксикацијата на телото и ќе ги намалат воспаленијата. Изобилството антиоксиданти кај јагодите нудат заштита од мозочен удар преку спречување на формирање згрутчување на крвта.
Специјалните состојки што ги има во јагодите, наречени флавоноиди, имаат моќ да се борат со канцерот и оксидативниот стрес.
Јагодите имаат релативно низок гликемичен индекс, што значи не предизвикуваат екстремно влијание на шеќерот во крвта. Диететските влакна што ги содржат, исто така, помагаат да се регулира гликозата.
Семето на јагодите содржи омега 3 масни киселини и алфалиноленска киселина, за кои е докажано дека го подобруваат расположението.
Витаминот Ц во јагодите се користи од страна на телото за производство на колаген, протеин од суштинско значење за здравјето на кожата. Здравото снабдување со колаген и помага кожата да остане мека, а исто така и ги поправа оштетените клетки на кожата.
Јагодите содржат салицилна киселина, алфа хидроксид (AHA) и елагична киселина, кои ја намалуваат хиперпигментацијата, спречуваат појава на акни и ги елиминираат мртвите клетки на кожата.
