Струмица на тест во „Градски парк“
Богатиот викенд со мноштво настани на спортските борилишта во земјава и овој петок го отвораат кошаркарите. Во салата „Градски Парк“ во Скопје и пред камерите на МТВ, екипите на Работнички и на Струмица ќе означат почеток на деветтото коло од првата фаза во домашниот шампионат.
Работнички е засега неприкосновен на свој паркет и како една од трите челни екипи со по само еден пораз досега, важи за фаворит во пресметката со струмичани, кои се на средина на табелата со ефект од четири победи и еден неуспех.

Утре ќе бидат одиграни преостанатите дуели од оваа викенд - рунда, во која дерби ќе биде мечот меѓу нашите претставници во БИБЛ, Куманово и Кожув. Лирија ќе му гостува на Фени Индустри, а Пелистер ќе го пречека тимот на Карпош Соколи.
***
Прва лига кошарка (мажи), 9.коло
Работнички – Струмица петок, 17.30 часот (МРТ-1)
Фени Индустри – Лирија сабота, 18.00 часот
Куманово – Кожув сабота, 19.00 часот
Пелистер – Карпош Соколи сабота, 20.00 часот
***
Табела
1. Лирија 13
2. Кожув 13
3. Работнички 13
4. Куманово 12
5. Струмица 11
6. Вардар Апаве 10
7. Фени Индустри 9
8. Карпош Соколи 8
9. Пелистер Спорт 7
Драган Николовски