Кисела Вода бесплатно ќе го собира кабастиот отпад
Како што информираат од општината, во периодот од 3 мај до 11 мај, во рамките на сите месни и урбани заедници на општина Кисела Вода ќе бидат ангажирани одговорни лица и сезонски работници кои секојдневно ќе го подигаат кабастиот отпад.

Како дел од стратегијата за одговорен однос кон граѓаните и заштита на животната средина, Општина Кисела Вода ќе спроведе нова акција за бесплатно подигнување на кабастиот отпад од пред домаќинствата или колективните згради.
Како што информираат од општината, во периодот од 3 мај до 11 мај, во рамките на сите месни и урбани заедници на општина Кисела Вода ќе бидат ангажирани одговорни лица и сезонски работници кои секојдневно ќе го подигаат кабастиот отпад.
За да се искористи оваа бесплатна услуга, потребно е да се закаже термин на телефонскиот број 02/2785-427 секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот во период од 26.04.2023 до 02.05.2023.
Граѓаните кои ќе сакаат да им биде подигнат и одложен кабастиот отпад треба да го одложат пред нивниот објект на безбедна локација со што не би ја загрозиле безбедноста на пешаците, велосипедистите и останатите учесници во сообраќајот кои ќе се движат во тој период.
