Партии

СДСМ: Хајка против коридорите од страна на Мицкоски

24.04.2023 13:29

Мицкоски е последен што може да зборува за проекти, за градење и градежништво. Видовме што се случува во Скопје и во општините кои ги води ВМРО-ДПМНЕ. Нема ниту еден проект од најавените од страна на Мицкоски, нагласуваат од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски под заложништво на проруската Левица водат хајка против стратешкиот проект за изградба на коридорите 8 и 10д и против реномирана американска компанија, соопштуваат од СДСМ.

Изградбата на коридорите 8 и 10Д е најголемиот инфраструктурен проект во нашата држава, вреден 1,3 милијарди евра. 600 милиони евра од овие пари ќе завршат кај наши домашни компании. Гледаме дека со невистини и спинови Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ застанаа против реализација на овој проект важен за развојот на земјата, вели Миле Талевски, пратеник на СДСМ