Политика

Неделава стартува со работа работната група за уставни измени

24.04.2023 14:31

Неделава се најавува прв состанок на работната група за уставни измени на којашто треба да се подготви текстот на амандманите. Од 23 члена десетмина се експерти, десетмина се назначени од партиите, а тројца од институциите. На првата средба телото треба да се конституира, да избере претседател и заменик и да утврди методологија за работа. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ова тело е составено од кадри кои гравитираат околу владејачката ДУИ и СДС...

Неделава стартува со работа работната група за уставни измени со кои бугарите и други етнички заедници треба да влезат во македонскиот највисок законодавен акт, предуслов за отворање на поглавјата во процесот на преговорите со Европската унија. Опозицијата не учествува во групата, но откако Министерството за правда ги обелодени имињата на експертите кои ќе работат на измените, коментира дека во составот може да се забележат кадри кои гравитираат околу владејачките СДСМ и ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ коментира дека експертите од правда се професори по политички науки, кривично право, меѓународно право, но дека нема ниту еден професор од катедрата по уставно право.

И во овој состав на работната група уште еднаш се потврдува дека СДС и ДУИ немаат поддршка за политиките кои ги спроведуваат. Ниту експертите, професорите и стручната јавност не сакаат да си го оцрнуваат кредибилитетот кој го имаат во општеството со учество во процеси за кои нема национален консензус, рече Митева.

Власта останува на ставот дека измените на Уставот треба да се донесат до крајот на годината, по што би се отвориле кластерите за влез во Европската унија, опозицијата е со став дека целата процедура грешно се води и дека актуелниот собраниски состав нема мандат за уставни измени. Тие треба да се случат, тврди опозицијата откако ќе се излезе на предвремени парламентарни избори.

 

Миле Ристески