воен конфликт

На фронтот битките продолжуваат

24.04.2023 14:59

Украинските власти најавија голем контранапад. Основачот на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин најави дека ќе им наложи на своите борци да не земаат воени заробеници, туку сите да бидат убивани на бојното поле.Руското Министерството за одбрана објави видео-снимка во која се наведува дека руските воздушни трупи го одбиле нападот на украинските вооружени сили...

Украинските власти најавија голем контранапад. Претседателот Зеленски уверен е во способноста на неговата земја да ја одбие руската инвазија. Призна дека ситуацијата е предизвикувачка, но Киев се засилува за борбата и е посилен од пред една година. Им се заблагодари на украинските војници за нивната издржливост во услови на континуирани жестоки борби на истокот на земјата.

„Ви благодариме за примерот на уништување на непријателот во близина на Бахмут. Невозможно е да се откажеме од Бахмут бидејќи тоа ќе помогне да се прошири борбениот фронт и ќе им даде шанса на руските сили и на Вагнер да окупираат повеќе од нашата земја“, изјави Володимир Зеленски, претседателот на Украина.

На тајна локација, во источна Украина, украинските војници се подготвуваат за следната вежба. Голем дел од опремата е стара и истрошена, а војниците сонуваат за нови американски тенкови.

„Ова е вежба за да се подготвиме да ги нападнеме непријателските позиции. Целта на секоја вежба е да се успее, да се пробие непријателската одбрана и да се преземат нивните позиции. Секоја вежба осигурува дека луѓето се подготвени за битка, ако не вежбаат, може да станат мрзеливи. Мојот живот е војна, служам од мојата 18-та година“, изјави Јегор, војник во прва тенковска бригада.

Основачот на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин најави дека отсега ќе им наложи на своите борци да не земаат воени заробеници, туку сите да бидат убивани на бојното поле. Рускиот претседател Путин пак, вели дека сите војници кои учествуваат во „специјалната воена операција“ на земјата во Украина мора да имаат еднакви услови.

„Мораме да обезбедиме безусловно еднакви услови за сите оние кои со оружје во рацете се борат за Русија. Не ни е важно во која категорија припаѓа човекот, важно е како тој се чувствува за татковината, ова е фундаментално прашање и ние секако мора да ја постигнеме оваа еднаквост“, изјави рускиот претседател, Владимир Путин.

На фронтот, битките продолжуваат. Руското Министерството за одбрана објави видео-снимка, во која во описот се наведува дека руските воздушни трупи го одбиле нападот на украинските вооружени сили и уништиле голем број ловци и два украински тенкови.

 

Маријана Димовска