Одбележан Светскиот ден на книгата и авторското право
Не се почитуваат мерките пропишани со закон за авторските права. Издавачите бараат начин како да се изборат со секојдневното прекршување. Со читање извадоци од романот „Дон Кихот“ на повеќе јазици, беше отворена изложба на книги „Сеќавање на шпанскиот писател Хусто Хорхе Падрон“...

Непочитувањето на авторските права е еден од најгорливите проблеми што се јавува во издаваштвото во земјава. Не се почитуваат мерките пропишани со закон, а издавачите бараат начин како да се изборат со секојдневното прекршување на авторските права, најчесто од страна на фотокопирниците и на другите издавачи.
Со читање извадоци од романот „Дон Кихот“ на повеќе јазици, беше отворена изложба на книги „Сеќавање на шпанскиот писател Хусто Хорхе Падрон“, добитник на многубројни меѓународни признанија, меѓу кои и Златниот венец на Струшките вечери на поезијата.
Со цел да се промовира читањето и негува љубовта кон пишаниот збор, во Универзитетската библиотека „Свети Климент Охридски“ се разменуваа прочитани книги. Светскиот ден на книгата и авторското право е востановен од УНЕСКО во 1995-та година.
Александра Спировска
