Анестезиологот од Тетово остана без лиценца за работа
Објавуваше пациентки на социјална мрежа, па го стаса казна. Лекарот – тиктокер од тетовско Одри, остана без лиценца. Судот на честа на Лекарската комора донесе одлука да му ја одземе за период од 7 години зашто го прекршил кодексот...

Тетовскиот анестезиолог Дервиши остана без лиценца. Судот на честа при лекарската комора му забрани седум години да ја врши лекарската дејност по објавените снимки на „Тик-Ток“ со кои ги нарушил достоинството на пациентите и угледот на лекарската професија.Ова е максималната казна што може да се изрече за етички прекршок во работењето
Основното јавно обвинителство Тетово поднесе обвинение против анестезиологот за несовесно работење во службата и за неовластено снимање. Од судскиот процес ќе зависи дали лиценцата за работа целосно ќе му биде одземена, му се заканува и затворска казна.
„Според предвидените законски рамки на лекарска комора на судот на честа, лиценцата прво се одзема на седум години, но откако ќе се изјасни обвинителството, може да биде одземена и засекогаш“, изјави Фатмир Меџити – министер за здравство.
Во меѓувреме, извештајот од стручниот надзор во битолската болница во врска со родилката и новороденчето кое почина по породувањето ќе биде готов најдоцна до четврток, кога истекува и законскиот рок. Според министерот за здравство, една од лекарките кои биле инволвирани во случајот е на патување, па недостасува нејзината изјава за настанот.
Андријана Ѓурческа
