Макеедонија

Австриската министерка за одбрана Танер во официјална посета на државава

24.04.2023 16:51

Австриската министерка за одбрана Танер во земјава. Од Скопје испрати порака за отворање на пристапните преговори со нашата држава, и истакна дека проширувањето на унијата со Западен Балкан е приоритет за Виена, особено во контекст на војната во Украина. Петровска потврди дека досега се донесени осум одлуки за донации за Киев...

Проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан е врвен приоритет за Виена, затоа поддржуваме Северна Македонија да ги продолжи преговорите што ќе придонесе за зголемување на стабилноста во регионот, истакна австриската министерка за одбрана Танер по средбата со својата домаќинка во Скопје. Двете министерки се согласни дека завршувањето на војната во Украина и обновата на земјата е задача на сите европски држави.

Петровска повтори дека Македонија од почетокот дава поддршка за одбраната на Украина. Танер и Петровска, разговарале за заеднички проекти на полето на безбедноста, меѓу кои и за заедничко учество со медицински тимови во меѓународни мисии.

 

 

Ирина Гелевска