Шукова: За Министерството за екологија приоритет е земјоделството отколку тешката индустрија
Без сериозни мерки за заштита нема тешка индустрија, за нас приоритет е земјоделството. Вака подвлече министерката за животна средина, во однос на можноста да се отвори рудник на Огражден. За рудникот Иловица со години нема официјална разрешница. По одлуката на Владата да ја одзеде една од концесиите случајот заглави пред Управен и Вишиот управен суд...

Министерството за животна средина нема да дозволи да се гради тешка индустрија но и рудници ако нема сериозни мерки за заштита и безбедност на средината и граѓаните. Вака потенцираше министерката Каја Шукова на новинарско прашање кој е ставот на Министерството за и околу можноста на Огражден да се гради рудник. Шукова подвлече дека за Министерството, приоритет е развој на земјоделието но и заштита на природните реткости но мора да се мисли и на економскиот развој на државата со силни мерки.
Случајот со рудникот за бакар и злато Иловица на Огражден со години нема разрешница. За него Владата и концесионерот водат судска постапка пред Управниот и Вишиот управен суд. Државата донесе одлука дека заради пробивање на роковите да одзеде една од концесиите за бакар и злато на Огражден во струмичко а концесионерот поткрена судска постапка пред Управниот суд од чии одлуки се жали и пред Вишиот управен суд кој делото веќе трипати го враќа во првостепено одлучување.
Ване Трајков
