МПЦ

Синодот на МПЦ-ОА утре треба да донесе историска одлука за обединување на МПЦ-ОА и ПОА

24.04.2023 19:41

Синодот на МПЦ-ОА, утре во полн состав, треба да донесе историска одлука за обединување на МПЦ-ОА и ПОА, со што треба да се финализира договорот меѓу МПЦ-ОА и СПЦ со кој беше обезбедена согласноста на српската црква за автокефалност на МПЦ-ОА...

Синодот на МПЦ-ОА, утре во полн состав, треба да донесе историска одлука за обединување на МПЦ-ОА и ПОА, со што треба да се финализира договорот меѓу МПЦ-ОА и СПЦ со кој беше обезбедена согласноста на српската црква за автокефалност на МПЦ-ОА, дознава религија.мк.

Според Уставот на МПЦ-ОА, во Синодот во полн состав членуваат сите епархиски архијереи и викарните архијереи избрани во МПЦ-ОА.

Според информациите на верскиот портал, постигнат е начелен договор со СПЦ околу тоа како да бидат интегрирани владиците на ПОА во МПЦ-ОА и кои епархии ќе им бидат дадени.