Здравство

Гласна музика во Поликлиника- Драчево, Селими најави казни за лекари

24.04.2023 19:59

Директорот на Здравствен дом – Скопје, најави казни за лекари од Поликлиниката – Драчево. Таму, минатиот четврток имало гласна музика по повод пензионирањето на вработен, а снимката се појави во јавноста. Директорот Вулнет Селими денеска беше во поликлиниката...

Директорот на Здравствен дом – Скопје, најави казни за лекари од Поликлиниката – Драчево. Таму, минатиот четврток имало гласна музика по повод пензионирањето на вработен, а снимката се појави во јавноста. Директорот Вулнет Селими денеска беше во поликлиниката. Оцени дека она што се случило е надвор од секоја етика и прописи.

„За овој пропуст ќе бидат преземени дисциплински мерки, и против управителот на клиниката и против дежурниот лекар. Ваквите сцени не можат да се толерираат во амбиенти каде што луѓето одат да ја добиваат потребната медицинска помош“, соопшти Селими.