Штрајк

Синдикатот на Државниот испитен центар стапи во генерален штрајк

24.04.2023 21:07

Државниот испитен центар почна штрајк за повисоки плати, што го оневозможува спроведувањето на државната матура, не добиле согласност за повисоки плати...

Државниот испитен центар почна штрајк за повисоки плати, што го оневозможува спроведувањето на државната матура, не добиле согласност за повисоки плати. Од Синдикатот велат, дека сите процеси, вклучително и државната матура ќе бидат запрени, оти сите 29-мина вработени се дел синдикатот. Оттаму бараат Министерството за финансии итно да реагира. Во овој момент, 11 од вкупно 29 вработени на различни позиции се изедначени и имаат минимална плата од 20 000 денари, наведуваат од Синдикалната организација на Државниот испитен центар.