Спорт

Четиригодишна суспензија на некогашниот голман на ракометната репрезентација Борко Ристовски

24.04.2023 21:39

Олимпискиот комитет на Северна Македонија му изрече четиригодишна суспензија на некогашниот голман на ракометната репрезентација Борко Ристовски, забранувајќи му да се занимава со спортските дејности во тој период...

Олимпискиот комитет на Северна Македонија му изрече четиригодишна суспензија на некогашниот голман на ракометната репрезентација Борко Ристовски, забранувајќи му да се занимава со спортските дејности во тој период. Одлуката ја донесе дисциплинската комисија на ОКСМ, по пријава од претседателот на ОКСМ, Даниел Димевски.

Голманот Ристовски бил пријавен во март од Димевски за гостувањето во политичкиот магазин „За или Против“ на Телевизија Алфа, каде што „ширел невистини, лаги, клевети и неточни информации на сметка на Димевски кои можат да бидат штетни и по МОК, федерациите на МОК и спортистите.

Ристовски имал право на жалба од осум дена, но рокот е веќе изминат. Дисциплинецот како отежнувачка околност го зел и податокот дека Ристовски не се извинил. Ристовски може да се жали до Управниот одбор на МОК преку истата комисија.