Фудбал

Аталанта го доби дуелот против Рома

24.04.2023 23:29

Аталанта го доби дуелот против Рома во Бергамо со 3:1 и може да избори пласман во Лигата на шампионите следната сезона...

Аталанта го доби дуелот против Рома во Бергамо со 3:1 и може да избори пласман во Лигата на шампионите следната сезона. Сега Аталанта има 52 бода, четири помалку од четвртопласираниот Милан кој е на позиција што води во ЛШ. Марио Пашалиќ беше стрелец на водечкиот гол за Аталанта во 39. минута, а Рафаел Толои зголеми на 2-0.

Лоренцо Пелегрини во 83-таминута за момент даде надеж за Рома, но Теун Копмајнерс само минута подоцна постигна трет гол за Аталанта и го завери триумфот.

 

 

 

 

 

 

 

 

Фото:/Макфудбал.мк