Временска прогноза

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

25.04.2023 08:07

Утринската температура ќе се движи во интервал од 6 до 10 степени, а дневната од 12 до 22 степени...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на места нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на ситен град. Утринската температура ќе се движи во интервал од 6 до 10 степени, а дневната од 12 до 22 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме. Утринската температура ќе биде до 9 степени, а дневната до 20 степени.