Сообраќај

МВР: 163 сообраќајни прекршоци во Скопје

25.04.2023 09:08

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 163 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 24 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за непрописно престројување на возила.

Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за прекршоци што ги прават пешаците, соопштуваат од МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедноста во сообраќајот и посигурни патишта.